Те молам, не кажувај ми дека сум
единствениот човек кој заборавил да мрази
верноста
е она што ти го ветив
и ти поверува дека сум
творец на земјата и небото
на тркалезните бели облаци
на твојата перница
лицето ти блескаше
како мов на месечина
додека ти зборував за патувањата
и бирав градови во кои
ќе ве однесам
тебе и нашите деца
да се биде жена на поет е судбина
ќе го сфатиш тоа некогаш
низ грмушките и прнарите
се протнува пената на овој ист ден
љубезноста е
полесна од проштевањето
огнометот е
заборавена свеченост
остана само алгебрата
непоткупливата
чиста
уметност