Поезија – Звонко Карановиќ

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Звонко Карановиќ

Поезија – Звонко Карановиќ

Врисок од самопослугата на сништата
Те молам, не кажувај ми дека сум еденствениот човек кој заборавил да мрази
Наводенет е патот во брдата
Само избегнувам да ги затворам сметките
Најубавите години на нашите животи


Врисок од самопослугата
на сништата

 

Пустината е гето
каде некој
ѝ го украл срцето на пластичната кукла
и создал силиконска маска
за оние кои
како радиоактивен дожд
паѓаат на уредно навадените градини
вистинскиот вкус е секогаш горок
како и последната
цигара
пред спиење
осамен како Јети
изгубен како топка снег
во жешко масло
се обидувам
да ги заборавам допирите
на светкавите прсти на младоста
љубовта е случаен партнер
луксузен
слободен пад
низ куполата на свилениот падобран

АвторЗвонко Карановиќ
2021-04-03T19:02:56+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|