Графички приказни

Графички приказни

ја полнеше празнината со звук.

мориконе

многу слики се повторуваат (во заматена форма). тешко дека ќе се прошири видикот, уште потешко дека ќе се изостри. раздалеченоста не била отсекогаш пропишана мода. била вообичаена мода. некои инстанци не умеат да се сретнат. тие се во постојано разминување.

паралелни калкулации

баба ми беше аналфабет, не можеше повеќе да чита ни од усни. се мушнуваше низ зеници, се прекршуваше, се враќаше назад; потоа знаеше сЕ, без да слушне збор.

во очите е скриен сиот беззборен јазик.

АвторПеро Георгиев