Графички приказни

Графички приказни

ништо не е поживо од смртта и ништо не е пожилаво од животот, беа мислите што и тропотеа низ главата (на баба ми) додека го копаше својот виртуелен тунел и минуваше низ зони минирани исклучиво со имплозив.

краток е патот од спомен до (себе)споменик.

тесноградоста не страда од микроманија, велеше дедо ми, додека ја истиснуваше последната капка насобран гнев.

АвторПеро Георгиев