Графички приказни

Графички приказни

секој си гледа за себе, само јас си гледам за мене.

егоистички калкулации

пролетта секогаш терала по свое. ги подмочуваше своите денови, бележеше територија. овојпат вртеше само зелени очи. потфрли. и самата знаеше.

професорот владимир георгиевски го нарекуваше крст, баба ми – координатен систем.
оттаму секој(а) тргнува сам(а) од нулта позиција, се шири, расне во длабочина, копнее по височина. тоне. игра со гранични точки, исцртува неверојатни параболи. оттаму тргнува, таму се враќа: на својот математички прапочеток.

АвторПеро Георгиев