Графички приказни

Графички приказни

денот беше убав, но не за умирање.
павташе (дедо ми) со крилјата, ја проверуваше нивнта аеродинамичност. оптимистички го разгледуваше летот при пад, песимистички- падот при лет. со скратени крилја, сепак, најдобро се трчa. (стрелката на инструментот што го мереше ентузијазмот не се поместуваше)

и човекот вреска и градот вреска. несоодветната фреквенција прави пречки. (најмалку во комуникацијата)

дали среќа или несреќа, за борхес беше небитно; тој и со двете состојби можеше да се носи (ако постојат одвоено). животот на дедо ми беше газење по тенка растреперена жица: таму го учеше телото на убав ОД, духот на слободен ЛЕТ. без часови за слободен ПАД.

АвторПеро Георгиев