Графички приказни

Графички приказни

додека нил амстронг го објаснуваше големиот чекор за човештвото, луис го фаќаше тактот на малите чекори и од нив ѕидаше прекрасен свет за целото човештво.

летови- светови (црно-бели)

нурна в себе.
сеќавањата за иднината го полнеа нејзиниот нос со секвенци од мириси. летото се ближи, а пролетта сеуште не дошла.

калкулативни сеќавања

мембраната на ушниот тапан по која удираше звукот стануваше крута, зборовите тешки и остри без можност за одбој. ако длабочината е видлива, тогаш зборуваме за плиткост.
трепна (баба ми) и смени слика.

АвторПеро Георгиев