избрани осврти за „Двајца во Еден“

/, Блесок бр. 12, Театар/Филм/избрани осврти за „Двајца во Еден“

избрани осврти за „Двајца во Еден“

Венко Андоновски
Глигор Стојковски
Мирче Томовски
Иван Ивановски
Владимир В.Голубовиќ
Џуди Мерсиер
Далибор Форетиќ
Некои податоци за „Двајца во Еден“

Цената на Еден ЗА ДВАЈЦА

Томислав Османли ни подарува уште една сјајна, мала пиеса: „Двајца во Еден“ со поднаслов „Пиеса за двајца, месечина и кукли“. И не случајно поимот на сјајот се сврзува и во овој случај со поимот на малото. Досегашното драмско и прозно искуство на Томислав Османли нè научи да ги бараме сјајните нешта во малите работи. И не склучајно сите драмски текстови на Османли, без разлика дали станува збор за ТВ, филмско или театарско сценарио, или дури за раскази како во неговата книга „Пеперутката на детството“, го имаат за предмет малиот човек. Големиот мал човек на Османли е негова фиксна идеја, нешто што го окупира неговиот дискурс од почеток до крај, што го управува, моделира, и структурира. Така е и овој пат, врз примерот на овој драмски текст.
Низ пет слики, од кои четирите им припаѓаат на неговите ликови Нела и Тото, а едната на неговите (и на ликовите) кукли – Принцезата и Шутот, на еден минијатурен и минимален текстовен простор, со минимум егзистенти на приказната (ликови и декор), Османли му држи жестока лекција на човештвото: тој опоменува дека не можеме повеќе да се преправаме дека сме среќни, оти сме осамени. Дејството е поставено во еден обичен драмски парк, кој низ драмскиот тек се престорува во во метафора на Еденската градина, од која уште во Генезисот, започнува прогонството на Адам и Ева…

(рецензија 17.05.1995)

2018-08-21T17:22:07+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Осврти, Блесок бр. 12, Театар/Филм|