ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

/, Литература, Блесок бр. 119/ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

Препорака за превод: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН


Арундати Рој е совршен пример како се прави тоа. Таа во најљубовниот однос во романов, оној помеѓу Муса и Тило, ја внесува поезијата како неопходен воздух за заедничкото дишење. Нивниот „руски рулет“ (отворање поетска книга потамина и гласно читање на песната што паднала) е еротска игра на заведување, но и длабока верба во антиципативноста на претстојното преку она што најмногу го сакаме. (На пример, ако најмногу на светот сакаме поезија, се чини сосем убедливо првата песна што ќе ја прочитаме по отворањето на очите, да ни го одреди целиот ден, до затворањето на очите.) Освен многуте песни, на конкретни поети, но и на самата Рој, низ романот се расфрлани стихови со кои „рускиот рулет“ на љубовниците се разнесува и се проектира низ целата нарација како препознатливалирска контура, силуета, сенка. Ова е идентична постапка како веќе коментираната карактеризацијата на Анџун дека има два гласа, проектирана на многу поширок план – како постојаната промена на гласот на нарацијата воопшто.
Еве само неколку примери, т.е. докази дека Арундати Рој е кралица на лириката и патетиката:

  • „Во неговиот свет тоа беше единственото место каде што воздухот се тргаше да му направи пат. Се чинеше како да се мешколи, се поместува на страна, како школски другар кој му прави место во клупата покрај себе“;
  • „Керозинската ламба беше изнесена од собата, фрчејќи како мачка“; „Анџум не го мислеше така како што рече, ама еднаш изречена, помислата на заминување ја обзеде и се свитка околу неа како питон“[6] ;
  • „Изгледаше ветво и снеможено како цртеж што некој се обидел да го избрише“;
  • „Старите тајни се свиткаа во преклопите на нејзината испостена кожа. Секоја брчка беше улица, секоја улица карневал. Секој артритичен зглоб истрошен амфитеатар во кој со векови се одигруваат приказни за љубовта и лудилото, глупоста, занесот и неискажлива суровост“;
  • „Шепотот патуваше по плочникот како пакет“;
  • „Од нејзината насмевка во собата се испозапалија светилките“…

Покрај поетичноста и патетичноста како формални отстапки од прозата, во никој случај не треба да се одмолчат бравурозните страници со смисловни отстапки од прозата. Тило која има исклучително сложен однос со својата мајка – не-мајка, додека ја чува на смртната постела, решава да ги запишува нејзините алогични, исцепкани и испокинати бладања кои педантно се предадени во романот на цели шест страници. Овие импозантно смислени синтаксички парчиња без смисла, без конкретно значење, дури ни логика,.. го даваат основниот ритам на музиката што се пеела и на онаа што допрва ќе се пее; ги даваат шифрите на заклучените вистини, ама и клучевите за разотворените растрескани врати на иднината…


6. Иако со наведениве реченици (компарациите со мачка и питон) се илустрира беспрекорниот поетичен и кралски патетичен стил на Рој, сепак треба барем да се спомне специфичниот однос на текстот кон животните. Тие имаат посебно место во оваа приказна и заслужуваат засебна интерпретација.

АвторОливера Ќорвезироска
ПреводКалина Малеска
2018-09-25T09:22:02+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 119|