Словенскиот ковчег

/, Блесок бр. 09, Театар/Филм/Словенскиот ковчег

Словенскиот ковчег


Сцена 1
Сцена 2
Сцена 3
Сцена 4
Сцена 5

(Темо со патерица оди по патот. По патот, послан со бел прав останува трага од еден чевел и една дупка од протезата. Застанува крај едно дрво, свртен со грб, ја потпира патерицата до себе и го откопчува шлицот, готвејќи се да се олесни. Одзади му приоѓа Кукла и му ја зема патерицата. Темо се задржува за дрвото.)
КУКЛА: Здраво, газда Темо!
ТЕМО: (Се врти) Кукла?!
КУКЛА: Што изгледаш ко да си видел мртовец?
ТЕМО: Па кое време е да се моташ по бавчи?
КУКЛА: (Гледа на саат.) Ниедно време е и за мочање.
ТЕМО: Поарно да си одиш дома, да те видат твоите.
КУКЛА: Ептен гајле береш за мене и моите.
ТЕМО: Ти како да сакаш да се караш?
КУКЛА: Не Темо. Да ти кажам фала. Што проба да ме спасиш. Ти сакаше во лудница, ама јас запнав во затвор.
ТЕМО: Која будала те пушти од таму?
КУКЛА: Не те прашаа тебе за мислење, а?
ТЕМО: Немам намера да спасуем више такви незахвалници као тебе. Ќе си отворам своја ординација.
КУКЛА: А кожарницата?
ТЕМО: Од кај знаеш ти за кожарницата?
КУКЛА: Кука ми кажа.
ТЕМО: (Пауза. Го гледа втренчено): Што ти кажал?
КУКЛА: Дека ќе ме земе таму. Ќе ме примиш, Темо?
ТЕМО: (Не знае како да ескивира) Кука не знае што зборуе. Нема никаква кожарница.
КУКЛА: А кафаната од каде е?
ТЕМО: Нема врска бе, Кукла. Една тура кожи прекупив за проба и пратив преку граница. Уште не сум почнал на свое. Чекам локација. И тоа не е многу за зборуење по комшии.
КУКЛА: А кога ќе почнеш, ќе ме примиш?
ТЕМО: (Го закопчува шлицот.) Ако ме замолиш убаво. Ако кажеш, како кога бевте со Кука воспитани мали деца: „Молим те, чичко Темо“. Кукла беше како мало: едно убаво, васпитано. (Се смее вештачки.) Пораснавте и се искурназивте, да си ебете векот! Дојди ваму, да те гушнам!
(Се обидува да го прегрне; одеднаш се обидува да ја зграпчи патерицата, ама
Кукла се измолкнува.)
ЦУЦ ЛА: Каде бе, Темо? Што сакаш?
ТЕМО: (Одеднаш сериозно.) Слушај, копиле! Дај стапот!
КУКЛА: Како бе Темо дај стапот? Не можам ако не ги соблечеш панталоните.
ТЕМО: Нема смисла ова, Кукла. Ноќе шеташ по бавчи и се изживуеш сексуално врз немоќни инвалиди!?
КУКЛА: Затворот е ко инфективно. За едно ќе лежиш од друго ќе се заразиш. Соблечи шалварата, па ќе ти го дадам.
ТЕМО: Плус сум чираш. (Плука.) Може да ме скине на нервна база.
КУКЛА: Од нерви не се умира. Од смрт се умира. Ајде соблекувај! Што ме гледаш така? Да не имаш змија под панталони што се плашиш?
(Темо гледа бледо во него. Сфаќа дека нешто знае за Змија.)
ТЕМО: Нема врска бе Кука, сама отиде со тој типот во Виена. Часна реч, немам врска ја со тоа.
КУКЛА: Не знам за кого зборуваш. (Си тргнува да си оди со патерицата.)
ТЕМО: Каде бре? Да не мислиш овде да спијам?
(Кукла не го слуша. Темо одеднаш ги слекува панталоните до колено. На бедрото има тетоважа: две преплетени змии.)
ТЕМО: Еве бе, на! Што ќе видиш? Две змии. Знак за медицина. Се тетовирав на факултет.
(Кукла се враќа. Гледа во бедрото. Му го дава бастунот.)
КУКЛА: Варди си ја таа една нога, да не ти ја искршат, Темо.
(Одеднаш замавнува и го удира со патерицата по здравата нога. Темо крикнува и паѓа. Кукла ја фрла патерицата врз него.)
КУКЛА: Па ти реков да си ја вардиш ногата, бе Темо! Зошто не ме слушаш никогаш? Ти мислеше си имаш работа со сенки, а? Еве ти уште еден совет, ама да слушаш: другпат пази кај го откопчуеш шлицот, разбра?
(Темо молчи.)
КУКЛА: Повтори што реков!
ТЕМО: Да пазам кај го откопчуем шлицот.
(Кукла заминува.)
ТЕМО: За ова ќе гориш во пеколот, копиле! Милицијата е моја, да знаеш!
(Темо станува и пали цигара. Вади мобилен телефон и бира број.)
ТЕМО: Ало, Змија. Јас сум. Ја држиш уште? Држи ја уште малку. Ќе дојде еден да ја бара. Множи го со нула. На дигитрон. Фала. Здраво.
(Го враќа телефонот во џеб. Заминува полека, театрално куцајќи. Зад него останува трага од еден чевел и една дупка од дрвената протеза, што публиката треба да ги види и да ги запомни).

2018-08-21T17:22:09+00:00 јуни 1st, 1999|Categories: Текст, Блесок бр. 09, Театар/Филм|