Полн месец во Истанбул

/, Блесок бр. 94/Полн месец во Истанбул

Полн месец во Истанбул

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата

силен ветер задува од бугарија
и донесе близина од која се
урна цело предградие.
со денови се матеше во главата,
повремено снемуваше слика и тон,
а вечерва некој човек
само се струполи
и умре среде истиклал.
со собраа луѓе,
поделија совети,
еден се обиде да го оживее,
еден му ја раствораше згрчената шака:
залудно!
залудно!
стигнаа две полиции,
брза помош и оџа на минување.
некои фотографираа;
не можеш да ја фотографираш смртта!
си велев себеси во брадата
на хрватски
сигурен дека никој нема да ја разбере
евтината провокација.
ветерот креваше картонски кутии
и ги забрзуваше кон таксим,
група улични свирачи фуриозно свиреа,
без престан, како да бегаат од нешто,
педесет метри од мртвото тело,
кое го завиткуваа во црна вреќа,
како што тоа веќе го прави полицијата.
не, не, ниедно започнато движење не сопре!
не, не, никој не престана да рекламира дурум и костени!
сирените се стопија со звуците на други сирени!
десет минути подоцна баш на тоа место
босоноги момченца прередуваа
комплицирани мелодии
на традиционални инструменти.
имаше тука и трети,
на другата страна од улицата,
но до нив веста и не допре.

2018-08-21T17:20:45+00:00 март 2nd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 94|