Полн месец во Истанбул

/, Блесок бр. 94/Полн месец во Истанбул

Полн месец во Истанбул

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата

треба ли да се разбудат момчињата
и да се тргне кон тунелот?
тие се толку лежерни
и леко му се измолкнуваат на отпорот.
подобри се гитарите,
подобри се танчарите над рамниците.
адреналинот веќе не живее во височините:
се спуштил во мадињата,
во хормонски азил,
од кој се кројат
насоките и семантиката.
зборови кои остануваат во игра,
млади зборови од вечноста,
кои значеа,
а потоа не.
сега ги исцртуваат имињата и патетиката
со спреј по ѕидовите
околу галата и насекаде.
најубав е јазикот кој не го разбираш.
во него е вистината и иднината.
помеѓу пораката и значењето
никој не успева да крене мост.
мостовите на босфор
им се опираат на симболите.
хирургијата е на другиот брег.
нешто отсекуваш, нешто доградуваш.
бајпасот е само од себе.
застануваш,
купуваш чун и
заминуваш на риболов.

2018-08-21T17:20:45+00:00 март 2nd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 94|