Полн месец во Истанбул

/, Блесок бр. 94/Полн месец во Истанбул

Полн месец во Истанбул

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата

пак е лошото толку добро!
ракија во крвта,
снег во носот,
флора во градите.
меко готвено за појадок,
тврдо за вечера.
сексот и храната доаѓаат
на крајот, на почетокот и во средината.
сексот го убива работното време,
храната другите спортови.
не сакам во рај
зашто таму никого не познавам,
ако е рај она за што зборуваат.
реквием за здрава храна,
покој за крепоста,
посмртница за safe sex.
никогаш навистина не си
престанала да пушиш.
жедна си без вино,
гладна без порнографија.
каде завршува доброто и почнува лошото?
гледаш во покриеното: што виѓаваш?
гледаш во откриеното: што виѓаваш?
покриеното покажува,
откриеното сокрива,
лошото е добро,
доброто е лошо:
лизгаво е на клацкалката.

2018-08-21T17:20:45+00:00 март 2nd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 94|