Полн месец во Истанбул

/, Блесок бр. 94/Полн месец во Истанбул

Полн месец во Истанбул

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата

веднаш знаев
дека си ѓавол во хороскоп,
зашто читам од очи.
ти пишуваш за неписмените.
мислиш дека никој не чека одговор.
дебел маж
изведе на прошетка
чифт убави очи:
жена ли е?
дете ли е?
зјапа, молскавично, до коски.
го покриваш телото,
очите сè соголуваат.
чија е твојата самотија,
ме прашуваш додека брутално ја таманам
дебелата чоколада
и стенкам,
воздивнувам,
така е секогаш кога сум среќна!
имам ламтеж за мраз по целото тело.
снегот е во андите,
а јас ја обожувам зимата:
од нејзината прецизност
искокнуваат моите најдобри пријателки.
со нив не мораш да разговараш за самотијата.
со нив ништо не мораш.

2018-08-21T17:20:45+00:00 март 2nd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 94|