Поезија – Дамир Шодан

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Дамир Шодан

Поезија – Дамир Шодан

Ајша Кандиша
Дурути 1936
Во возот за Кашкаиш
Искушениeто на свети Антон
Поезијата на мал јазик


Искушениeто на свети Антон

сега знаеш дека силата
која на оние разуздани коњи
како напаст им ги истегаше нозете
почивала уште одамна во утробата
на селското распетие.

но човекот е слеп
додека сонува фудбал
и ги пушта лилјаците да му слетаат
на тесните регрутски раменици.

ако посакаш да дознаеш
нешто за религијата
мора пред тоа да пробаш
секс на екс(тази),
средовечни гимназијалки,
Стар завет или банџи скокање.

главно, нешто малку
забегано.

Дали го знаел тоа веднаш.

секако дека не постои Господ
додека клечиш пред
банкоматот.

АвторДамир Шодан
2020-12-23T17:42:49+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|