Поезија – Дамир Шодан

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Дамир Шодан

Поезија – Дамир Шодан

Ајша Кандиша
Дурути 1936
Во возот за Кашкаиш
Искушениeто на свети Антон
Поезијата на мал јазик


Дурути 1936

насилник-херој, водач на анархистите,
син на железничар, герилец со детски очи
на лице на полудивјак, пролетер-пропагандист.
Буенавентура Дурати истрајуваше пред сè
на одбраниот израз и на неговата чистота.

кога би земал збор, сите разбирале за што зборува.
Ема Голдмен вели дека сè околу него вриело како во кошница
и дека наводно секогаш бил во добро расположение.

Дурутиевата колона се градела
во духот на либертаријанство и на доброволни жртви.
на неговиот погреб кој Барселона
величествено ја завил во црно
и црвено во Виа Лејетана
се слеале грандиозни 500 000 души.

дури и рускиот конзул
бил длабоко трогнат од
глетката на толпата со кренати тупаници
која се колнела во тој анархист
кој верувал дека само генералите владеат со сила
и дека дисциплината како просветлувачки млаз
доаѓа секогаш и единствено
однатре.

АвторДамир Шодан
2020-12-23T17:42:49+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|