Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

/, Блесок бр. 17/Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Избор поезија од поети-учесници на „Виленица 2000“

Куќа во градината
Дупки во животот
Доктор за коњи

Безобличен живот. Но доволно се познавам
За да ги сетам дупките во него. Раскината е амеба
Што истекува низ сопствените цепутки,
слепо виткајќи ги рабовите навнатре
во обид себеси да се обвитка.

‘Големи дупки? Дведимензионални, како сечено сирење?’
Еден добар пријател е фасциниран
Од безнадежноста на деталите:
‘Или мали, глувчешки дупчиња, небаре насекаде
Избушени, како меурчиња во суфле? Во конзервирана шунка?’

Не. Погрешна мапа. Тоа е како да прашуваш дали те сака.
Само еден човек може точно да одговори,
Дури те држи за една рака, не за двете, како за мерка;
‘Еве волку те сакам’. Надворешниот раб на дланката е толку далеку,
А блиску, лета околу светот
И се враќа назад, кон опачината од истата дланка.

АвторКатерина Пирпоинт
2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 17|