Поезија – Исток Улчар

/, Поезија, Блесок бр. 120 - 121/Поезија – Исток Улчар

Поезија – Исток Улчар

ГАНГРЕНА
БЕГСТВА
БРОД ПОЛН НАДЕЖ
ГОЛЕМАТА РЕКАПИТУЛАЦИЈА
НЕКОИ МЛАДИ ОРЛИ


НЕКОИ МЛАДИ ОРЛИ

Од елитистичкиот локал во гадната стоковна
до гаражите под плочникот помеѓу два картела
сум ја измочал и бакнал секоја педа овде што
моите згмечени ѓонови некогаш ја згазиле.

Обвиен од моќните разгласи на џамиите
прилепени крај ритмот од хеликоптерски перки
сум месечарел будно низ тврдите предавални,
слушајќи ги и кредите и тревите одзади.

Низ лавиринтот, чии ѕидови се влечеа пред мене,
сега гледам нови орли што – ко мене тогаш – неуко
се залетуваат без страв накај секој новоникнат врв
заслепени од снегот, што ги мами дека сѐ е нивно.

Сите ние сме го изоделе истото лето.
Кутиите ни се полни со детство и со мечти.
Нѐ сопнувале истите бранови во плиткото
и победнички сме држеле прачки над главите.

Ја испивам оваа чаша коњак во нивно име!
И тие и јас ќе останеме црни лебеди што
нуркаат јуначки низ контаминирано езеро.
Ја испивам оваа шолја млеко за сите нив! – Вас
ве замолувам ноќва да ви бидам постар полубрат.

АвторИсток Улчар
ПреводАндреј Арсенков
2018-09-20T12:48:26+00:00 септември 19th, 2018|Categories: Литература, Поезија, Блесок бр. 120 - 121|