Поезија – Исток Улчар

/, Литература, Блесок бр. 120 - 121/Поезија – Исток Улчар

Поезија – Исток Улчар

ГАНГРЕНА
БЕГСТВА
БРОД ПОЛН НАДЕЖ
ГОЛЕМАТА РЕКАПИТУЛАЦИЈА
НЕКОИ МЛАДИ ОРЛИ


БЕГСТВА

Голтајќи ја горчливата вода на почетниот плод,
треперлив пламен ми ја пиеше стамената кожа,
додека стрмен предел забрзано ме опколуваше.

Исчезнаа ситните јами
од младата висорамнина.

Опасниот крак не успеа да
ги покори неприродните дрвја.

Занесената кочија се разгради
во далечната сочувствителна кал.

Дури и златните стрели ги избришаа
бледите броеви во замрзнатата песок.

Но, овие несвесни бегства само ја одложуваат
конечната средба со кротката челуст на мирот.

АвторИсток Улчар
ПреводАндреј Арсенков
2018-09-20T12:48:26+00:00 септември 19th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 120 - 121|