Кон книгата Гласови на новиот век: Зошто ни е потребна оваа книга?

/, Критика, Блесок бр. 120 - 121/Кон книгата Гласови на новиот век: Зошто ни е потребна оваа книга?

Кон книгата Гласови на новиот век: Зошто ни е потребна оваа книга?

Наместо предговор

ЗОШТО НИ Е ПОТРЕБНА ОВАА КНИГА?

(кон книгата Гласови на новиот век: избор од поновата македонска поезија, ПНВ публикации, 2018)

Во периодот од самиот крај на XX век до миговиве кои ги живееме, на книжевната сцена дебитираа не малку (пре)создавачи на стихови, од кои некои веќе потврдија дека не се случајни „минувачи“ низ македонскиот книжевен простор, туку дека се поети со автентичен глас и израз кои имаат што да кажат и кои и во времево што многумина го доживуваат како непоетско, умеат и успеваат да живеат поетски и светот во себе и околу себе да го гледаат со поинаква, поетска диоптрија која им овозможува да го интерпретираат во поинакви димензии. Во исто време, не е мал бројот и на поетите кои токму во изминативе неполни две децении од новиов век го создадоа и/или објавија оној дел од своето творештво со кој го достигнаа својот личен поетски зенит и/или пак потврдија дека даваат влог за развивање на „вертикалата“ на современата македонска поезија, по нивното дебитирање во завршницата на минатото столетие. Оваа книга ни е потребна затоа што е прв (сериозен) обид индивидуалните, автентични поетски гласови на сите овие (пре)создавачи на стихови да бидат обединети, да бидат присутни на едно место. Но со неа и преку неа не се претендира од сите тие гласови да се направи „хор“, бидејќи нејзиниот приредувач сигурно имал на ум дека таквиот „хор“, пред сè, на поетичко ниво не би можел да биде хармоничен. Со неа се настојува да се обезбеди доволен простор за творечката/поетичка посебност на секој од застапените автори, со (одлична) можност поради присуството во едно обединувачко издание да се добие поцелосна и појасна слика за поетиките и естетиките на новите поетски писма во нашата книжевност.

Иако не е антологиски избор, туку е своевиден панорамски преглед на (творештвото на) поетите на новиот век, сепак, Гласови на новиот век носи во себе и критички, вредносен суд. Поконкретно, иако застапените песни се избрани од самите автори, сепак, критичкиот/вредносниот „филтер“ е забележлив преку изборот на поетите чии стихови се сместени меѓу овие корици. Доколку овој избор се спореди со антологиските/панорамските поетски избори во кои одделно се претставувани (пре)создавачите на стихови родени во втората половина на шеесеттите и во седумдесеттите години, како и оние на родените во претпоследната деценија на минатиот век, ќе се увиди дека во оваа книга е застапен само мал дел од нив, иако на страниците што следуваат по овој текст доминираат автори родени во втората половина на седмата, во осмата и деветтата декада на минатото столетие… застапени се оние коишто не потклекнаа пред предизвикот да се живее за и со поезијата, оние коишто преку објавеното нѐ имаат уверено дека стиховите за нив не се само игра и дека присуството на естетското е меѓу доминантните во нивниот поетски израз. Но во Гласови на новиот век се застапени и автори кои во тие „генерациски“ избори не се ни споменати, затоа што во книжевниот простор дебитирале подоцна или затоа што квалитетот на стиховите коишто ги создаваа(т) (ненамерно или намерно) е забележан/„признат“ со задоцнување, а нивните поетски гласови веќе гласно се слушаат и во препеви на повеќе светски јазици.

АвторИван Антоновски
ПреводМилан Дамјаноски
2018-09-20T12:50:06+00:00 септември 19th, 2018|Categories: Литература, Критика, Блесок бр. 120 - 121|