Каква е бојата на странците?

/, Критика, Блесок бр. 118/Каква е бојата на странците?

Каква е бојата на странците?

Каква е бојата на странците?


Потем, тука е и суптилно имплицираното прашање: во оние мигови, кога заемно си се обраќаме – на странски јазик – дали, притоа, навлегуваме во една нова улога и истата доброволно ја прифаќаме, имено, улогата на сопствени каскадери

Впрочем, на авторка како што е Л. Димковска, чепкањето по различните табуа никогаш не ѝ било туѓо (без разлика дали тоа ги опфаќа искуствените табуа како: болеста, бедата, распаѓањето, раздомувањето, па дури и секојдневната баналност, тој неизбежен порок и отровен вител, во кого е фрлен современиот, духовно опустошен човек).

Во овој контекст, секако, спаѓа и повторното будење на приказната за едно (како што наивно мислевме) искоренето сениште, она на повампирениот фашизам, кој меѓу другото воскреснува и во градот-херој, како Сплит (за жал, и не само во него), додека во него престојува младата Неда.

Се чини, дека судејќи според тоа својство, „нецензурираното чепкање“ во табуата, во контекстот (и не само) на македонската современа литература, Димковска останува, ако не единствена, тогаш бездруго маркантна и непорекливо храбра авторка! Авторка, која во дослух со благородната традиција на т.н. ангажирана литература, по свој личен избор и во континуитет, не само што внимателно, автентично и најчесто критички ги перципира акутните феномени на современоста, туку, и ги изострува сетилата на своите читатели, постојано да бидат внимателни и на штрек, пред латентно или отворено искажаната закана на (секојпат новите трансформации на) Злото.

2018-10-30T09:48:21+00:00 март 27th, 2018|Categories: Литература, Критика, Блесок бр. 118|