Чевли за доделување Оскар

////Чевли за доделување Оскар

Чевли за доделување Оскар

Збирка раскази од Мелина Камериќ (2013)

Превод од босански: Игор Исаковски.

Едиција Урбан флуид, книга 16

Кога некој ќе успее на една и пол страница да внесе тага поголема од Сибир, меланхолија погуста од мед, неколку несреќни животи и чифт блескави чевли кои врескаат и блескаат како спектаклот на доделување Оскар, но нив ги слуша само онаа што ги поседува и никој друг, никогаш повторно, тогаш се работи за ретко видено мајсторство, за приказна која трае цел живот иако не е подолга од вест на интернет, за приказната „Чевли за доделување Оскар“ од Мелина Камериќ. Круно Локотар, уредник на Алгоритам

Она што има да го каже, таа успева да го збие, да го екстрахира, да го сублимира во кратки прозни форми, кои се толку набиени што нејзините јунаци би можеле да бидат достојни и за класичната романсиерска форма. Токму тоа умеење, на мал простор да се опфати животот во сета своја исполнетост, ѝ го обезбедува на Мелина Камериќ местото меѓу најдобрите раскажувачи на просторот на кој денес се говори јазикот кој го нарекуваме босанско-хрватско-српско-црногорски јазик. Владимир Арсениќ, книжевен критичар за белградски Дневник

Книгата на Мелина дефинитивно е одличен прирачник од кој дознаваме на што мислат жените кога нè сакаат. Дамир Узуновиќ, Buybook

Книгава ќе помести многу луѓе од место. Читање – на сопствена одговорност! Игор Исаковски

Цена: 200 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-513-4, 12×17 cm., 136 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторМелина Камериќ
ПреводИгор Исаковски
2018-12-21T10:45:39+00:00 март 12th, 2013|Categories: Книги, Урбан флуид, Проза|