Волшебни врски

////Волшебни врски

Волшебни врски

Раскази од Оуен Мартел (2012)

Превод од англиски: Игор Исаковски.

Едиција Урбан флуид, книга 14

Ова е „Друг Велс“: со насловот преземен од песната „Чикаго“ на Т. Х. Пери-Вилијамс, овие шест раскази се инспирирани од велшките имиња на места во Северна Америка: Хландаф, Бангор, Нарбертх, Кардиф, Хлангохлен и Нит. Но, како и во романите на Мартел, даровитоста на авторот најдобро се гледа токму во анализата на внатрешниот пејзаж и емотивните лизгања. Книгата содржи и четириесет и две фотографии (од Симон Профит) на места со велшки имиња ширум САД. Многу од нив се фокусирани на хоризонталните линии, како да сакаат да ги подражаваат „лентите“ од американското знаме, додека „ѕвездите“ се точки на илуминација помеѓу линиите. Во првиот расказ, „Посетителот (Хландаф)“, се поставени темелите на концептот, кога младиот фотограф изјавува дека „и местата се апстрактни предмети“. Во расказот, кој е полн се религиски асоцијации, се раѓа идејата за местото како божество, при што се насетува страст и ужас. Во последниот расказ, „Видов како сонцето се пробива (Нит)“, една тетка и нејзиниот внук се преобразени откако взаемно се посетуваат во велшкиот и пенсилванискиот Нит. Во момент на просветление, обата града се спојуваат во еден „божествен“, парадоксален ентитет. Низ збирката се појавуваат воскреснувања, претставници на ветената земја, но само за повторно да исчезнат. Без оглед дали раскажуваат за емигрантската свест или за посуштински човечки инстинкти, ликовите во „Волшебни врски“ стремат кон целосноста, но остануваат во потрага по духовите кои им се измолкнуваат. Во брилијантните согледби на врските кои го сплотуваат земјата, сеќавањето и луѓето, оваа книга е многу повеќе од обично надминување на географските граници. „Волшебни врски“ е исклучителна збирка раскази чиј автор се одделува од своите современици по искрената посветеност.

Цена: 250 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-375-8, 12×17 см., 200 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Белешка за авторот
  • 42 фотографии од Симон Профит
АвторОуен Мартел
ПреводИгор Исаковски
2018-12-21T10:45:58+00:00 декември 8th, 2012|Categories: Книги, Урбан флуид, Проза|