Ни беше толку убаво! (Табу II)

////Ни беше толку убаво! (Табу II)

Ни беше толку убаво! (Табу II)

Роман од Сибила Петлевски (2012)

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Едиција с.р., книга 26

Во вториот дел од трилогијата „Табу“, Сибила Петлевски од сосем друг агол и на сосема поинаков начин проговорува за амблематскиот лик на fin de siècle, Виктор Тауск. Пишуван како биографски роман и семејна сага, романот „Ни беше толку убаво!“ раскажува за психоаналитичарот чиј живот е всушност психограм на дваесеттиот век. Вешто и непрестајно балансирајќи помеѓу стварните факти и фикцијата и играјќи си со нив, Сибила Петлевски низ Таусковиот живот ги провлекува темите кои тоа доба ги отворило, а кои се и ден-денес неизбежни – од прашањата на нацијата и верата, преку сексуалноста и смртта, па сè до слободите од сите видови. Во животот на Виктор Тауск, но и на неговите блиски, особено на сестра му Елка, постојано се преплетуваат еротиката и политиката, љубовта и смртта, одговорноста кон другиот и трајниот копнеж по секаков вид слобода. „Ни беше толку убаво!“ е апологија на потрагата по среќа и потребата по неа постојано да трагаме, а Виктор Тауск е една од оние стварни историски личности кои имале храброст во таа потрага да се внесат.

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-379-6, 14×20 см., 238 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторСибила Петлевски
2018-12-21T10:45:55+00:00 декември 25th, 2012|Categories: Книги, Проза, Современ роман|