Мојот Антонио Диаволо

////Мојот Антонио Диаволо

Мојот Антонио Диаволо

Роман од Сибила Петлевски (2010)

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Едиција с.р., книга 10

Потресна романескна фатаморгана која ги брише границите помеѓу она за кое сме свесни и она кое не можеме да го контролираме. Сите протагонисти, од прв до последен, се полулуди и загубени во своите илузии, спомени, сеќавања и визии. Дора Голуб Сибила Петлевски во својата француска суита во шест ставови испишува фантастично реални приказни за животите на еден илузионист, сликар, џез музичар, оперска дива, луѓе кои ја живеат својата уметност преполна болка и убавина дури и кога сонуваат. Во ритамот на музичките ставови се менуваат сегашноста и далечното и блиското минато, се сретнуваат Да Винчи, Веронезе, арапски киднапери, најпознатиот магионичар на XIX век Робер-Уден, хрватска убавица, француски сликар, луд убиец и итар психолог. Мојот Антонио Диаволо е роман кој го сопира времето. Како на најдобрите платна, на чудесен начин се сретнуваат фантастичното и реалното, и секој детаљ е на свое место. Ивица Матичевиќ

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-333-8, 14×20 см., 230 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторСибила Петлевски
ПреводИгор Исаковски
2018-12-21T10:47:13+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Книги, Проза, Современ роман|