Време на лаги (Табу I)

////Време на лаги (Табу I)

Време на лаги (Табу I)

Роман од Сибила Петлевски (2010)

Превод од хрватски: Игор Исаковски.

Едиција с.р., книга 13

Годишна награда „Т-Портал“, Хрватска, 2010

Време на лаги, прв дел од трилогијата Табу, e роман кој проговара за Виктор Тауск, една од најинтересните личности на хрватската модерна. Преку животната судбина на тој заборавен писател, правник и психоаналитичар, кој меѓу другите се дружел со Сигмунд Фројд и ѝ бил љубовник на femme fatale од виенскиот fin de siècle Лу Саломе, Сибила Петлевски ќе заврти исклучително возбудлива трилогија во која се преплетуваат сегашноста и почетокот на дваесеттиот век, Првата светска војна, шпионски афери, теми за сексуалноста и феминизмот, сите прашања кои ги отворила виенската модерна и кои до денес не престануваат да бидат клучни за разбирањето на современиот човек. Време на лаги на интригантен начин преку ликот на писателката и нејзиниот пријател Твртко кои се интересираат за Тауск нè воведува во трилогијата и во драматичниот дваесетти век. Во првиот дел на Табу, Сибила Петлевски ги поставува координатите, но и пластично ја исцртува сета драматичност и неповторливата галерија од вистинити, измислени и домислени ликови кои силно ја одбележуваат трагедијата на интелектуалецот – Виктор Тауск. Трилогијата Табу им е посветена на храбрите, кои не прифаќаат да живеат во време на лаги; на луѓето кои не се плашат од слободата.

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-339-0, 14×20 см., 230 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторСибила Петлевски
АвторИгор Исаковски
2018-12-21T10:46:24+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Книги, Проза, Современ роман|