Собирачи и ловци

////Собирачи и ловци

Собирачи и ловци

Избрани раскази од Томас Шапкот (2006)

Превод од англиски: Игор Исаковски

Едиција Ернест, книга 02

[…]Од авторот и приказните, да дојдам и до она што е (барем според мене) носечката точка на секој прозен триаголник: нарацијата, начинот на кој авторот ги раскажал приказните. Во оваа збирка, напишана со проста и строга проза, економична и стегната во кратки и јасни реченици, расказите се сведени скоро на ниво на вежби по креативно пишување (предметот што Шапкот го предавал). Тие се лесно читливи, раслечени и растоварени од секаква зборливост, скоро скици во кои костурот на приказната е исчистен од месото на какви било дополнителни насоки или заклучоци (понекогаш од оние писателско-мудрувачките, но понекогаш дури и од оние кои на читателот му се суштински потребни). Би можело да се рече – расказиве се суво, информативно четиво, скоро сметководствен извештај. Шапкот е „помалку трагач по есенции, повеќе коментатор на односи и состојби“ како што за него вели Гане Тодоровски во венценосната 1989 година. Или пак, тој е собирач на (навидум) безначајни детали од човечките животи, и ловец на длабоките вистини во нив, автор кој самиот ќе каже дека „големите промени во нашиот живот понекогаш можат најдобро да бидат претставени преку дробни детали.“ Елизабета Баковска(Извадок од освртот „Хармонијата на двојноста“)

Цена: 250 ден.

Купи

ISBN 9989-928-56-8, 12х17 см., 253 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторТомас Шапкот
ПреводИгор Исаковски
2018-12-06T13:38:04+00:00 декември 4th, 2012|Categories: Книги, Проза, Избрана проза|