
Современи холандски раскази, избрал и уредил Герит Бусинк (2006)
Превод од англиски: Игор Исаковски.
Едиција Ернест, книга 03
Дури и ако насловот Горко-слатки парчиња не соодветствува на целокупната современа холандска книжевност, секако дека добро го илустрира овој избор на куси раскази создадени од холандски автори во последните две децении. Ниско поставената земја и постојаната битка со ветрот, водата и намуртеното небо, како и вековната традиција на слободоумната буржоазија доминирана од Калвинистичкиот поглед на свет, истовремено и строга и либерална – ова за писателите претставува извор на иронични описи и авто-анализи. Неверојатно е како холандските писатели со справуваат со спротивставените сили на либерализмот и конзервативизмот, конфликтот и задоволството, слободната мисла и религиозноста.Од предговорот на Герит Бусинк
Цена: 250 ден.
ISBN 9989-928-58-4, 12х17 см., 136 страници
корица: мат пластифицирана
Дополнителни содржини:
- Био-библиографска белешки и фотографии
- Извадок
PDF извадок од книгата