После природата

После природата

Избрани песни од Михаел Кругер (2012)

Превод од германски: Елизабета Линднер.

Едиција Морфеј, книга 18

Само тривијалниот уметник на патот едноставно го наоѓа она, што како утеха сака да си го наметне себеси и на читателот. За љубителот на искреноста се случуваат многу работи помеѓу: меѓу причината и последицата, сликата и значењето, Јас и Ти, лагата и вистината, животот и смртта. За овие меѓу-простори зборуваат и песните на Кругер. Адолф Мушк (за „Непосредно пред бурата“)

„Оној кој пишува ваква поезија не седи со речници врз скутот и на работната маса“, забележа Ирис Радиш за поезијата на Кругер во Die Zeit.

Стиховите на Кругер излегуваат на отворено, но и меѓу луѓе. Лириката на Кругер ги остава нештата да зборуваат, без притоа да му наметнуваат ставови на читателот. (од поговорот кон „Под отворено небо“) Поетските мигови и забелешки во оваа книга не сакаат ниту да го вратат сјајот на изгубениот свет од минатото, ниту пак да си ја замислат пропаста на светот од иднината. Тие се задоволни со овој свет, иако немаат доверба во она Сега. (од поговорот кон „На чисто“)

Михаел Кругер не ја остава природата да пишува поезија, но како што се чини без напор повторно и повторно му успева да ги изнајде зборовите кои природата, светот, него самиот и нас нè доведуваат до говор. Тоа јакнее. Зидојче Цајтунг

Цена: 170 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-374-1, 12×17 см., 154 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Белешка за авторот
АвторМихаел Кругер
2018-12-21T10:45:57+00:00 декември 8th, 2012|Categories: Книги, Избрана поезија, Поезија|