Куќа од јазик

Куќа од јазик

Избрани песни /1995-2005/ од Јосип Ости. Авторски избор. (2006)

Поговор и препев од хрватски: Игор Исаковски.

Едиција Морфеј, книга 07

Стихот на Јосип Ости е ослободен од видливи баласти. Како што кажува во една од своите песни, тој навистина не држи до формата колку што „учи од мачените“, за разлика од оние кои учат од мачителите, истите оние кои ја „проверуваат правилноста на римата“. Истите го гранатираа ‘нивното’ Сараево. Зборот, како и ножот, има повеќе намени. Јосип избира да лекува, да раскажува, да пренесува. Тоа го прави умешно и топло, човечки. Отворено и без задршка, до последниот здив. Смешкајќи се со солза во окото. Испишувајќи, при тоа, потсетници не само за Сречко Косовел, Марина Цветаева, Луис Армстронг (да споменам само неколкумина), туку и сеќавања за она што „хистеријата на историјата“ не смее да нe натера да го заборавиме. И кога ќе се погледнеме во огледалото, да го видиме и мрачното лице на светот кој толку го сакаме и во кој – сакале или не сакале да признаеме – живееме, секојдневно и со постојана борба. Вистинското лице свое, би рекол Јосип Ости. И човек не може да не се согласи. (од поговорот на Игор Исаковски)

Цена: 250 ден.

Купи

ISBN 9989-928-53-3, 12х17 см., 194 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторЈосип Ости
ПреводИгор Исаковски
2018-12-21T10:47:14+00:00 декември 4th, 2012|Categories: Книги, Избрана поезија, Поезија|