
Избрана поезија од Павле Горановиќ. Авторски избор. (2009)
Превод од црногорски: Игор Исаковски.
Едиција Морфеј, книга 11
Поезијата на П. Горановиќ е сведоштво за една богата ерудиција, но и за длабока чувственост. Поетот се соочува со себе бескомпромисно, испитувачки, жестоко, а потоа својата нова слика му ја сопоставува на светот, за и него да го испита, со истата силина и жар. Горановиќ има смелост да си поигра со востановените цивилизациски симболи и низ својот поетски ракопис да им даде ново, свежо значење. Понатаму, тој врши дополнително преобновување на сопствените стихови, палимпсестно ги вметнува „загубените ракописи“ во „нови песни“. Деконструктивизмот и постмодернизмот во оваа поезија одат рака под рака. Неговиот стих е богат и набиен со метафора; повремените излети во прозаичното дополнително ја подвлекуваат оваа карактеристика. И. Исаковски
Цена: 170 ден.
ISBN 978-9989-928-95-6, 12×17 см., 120 страници
корица: мат пластифицирана
Дополнителни содржини:
- Био-библиографска белешка
- Поговор
- Извадок
PDF извадок од книгата