Наследувањето во Европа

////Наследувањето во Европа

Наследувањето во Европа

Од Љиљана Спировиќ Трпеновска,  Дејан Мицковиќ,  Ангел Ристов (2011)

Едиција Индра, книга 07

Книгата „Наследувањето во Европа“ има за цел да даде сеопфатен преглед на најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа, со посебен осврт на наследувањето и наследното право во Република Македонија. Во книгата се разработуваат основните специфичности на законското, тестаменталното и нужното наследување, како и на наследно-правните договори во најзначајните европски законодавства. Авторите го обработуваат феноменот на наследувањето преку согледување на неговиот историскиот развој, преку социолошка и компаративно-правна анализа, како и анализа на судската пракса. Во книгата посебен акцент се става на промените во семејството и неговото правно регулирање и влијанието на тие промени врз наследувањето, а во неа авторите даваат преглед и на процесот на хармонизација на наследното право во земјите на Европската унија. Анализата на развојот на наследувањето и неговото правно регулирање, проучувањето на основните фактори кои влијаат врз наследувањето, како и сеопфатната компаративно-правна анализа се основа од која тргнуваат авторите за предлозите што ги даваат за измени на правното регулирање на наследувањето во Република Македонија.

Цена: 2700 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-343-7, 16×23 см., 540 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Библиографија
АвторДејан Мицковиќ
АвторЉиљана Спировиќ Трпеновска
АвторАнгел Ристов
2018-12-21T10:45:59+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Книги, Индра, Есеи|