Избрана поезија од шест македонски автори: Елизабета Баковска, Лидија Димковска, Богомил Ѓузел, Игор Исаковски, Јовица Ивановски, Катица Ќулавкова, во избор на И. Исаковски, на македонски и англиски.
Издание на ARC Publications. (2011)
преведено на англиски од повеќе преведувачи.
Едиција вон едиции, книга 05
„Шест македонски поети“ е седмата книга од едицијата „Нови гласови на Европа и понатаму“ на АРК. Во изборот се застапени автори кои влијаеле на ликот и обликот на современата македонска поезија во последните пет децении: Елизабета Баковска (р. 1969), Лидија Димковска (р. 1971), Богомил Ѓузел (р. 1939), Игор Исаковски (р. 1970), Јовица Ивановски (р .1961) и Катица Ќулавкова (р. 1951). Во англиски превод од врвни преведувачи, во избор на Игор Исаковски а со предговор на Ана Мартиноска, изданието претставува прозорец кон поезијата на еден од најмалку познатите и најинтересните европски „агли“. Изданието е двојазично, на македонски и на англиски, во паралелен испис. Автор на ликовното дело на корицата е Мирослав Масин.
Цена: 450 ден.
ISBN 978 1906570 49 1, 15.5×23.5 см., 158 страници
корица: мат пластифицирана
Дополнителни содржини:
- Вовед (Александра Бухлер)
- Предговор (Ана Мартиноска)
- Био-библиографски белешки
- Извадок
PDF извадок од книгата