Апокалипса

///Апокалипса

Апокалипса

Поезија и фотографии од Џабир Мемеди Дерала, на англиски (2011)

Издание на Shortcut Production во соработка со Блесок

Едиција вон едиции, книга 04

Зборовите на Џабир Дерала се градски, се шетаат по улиците, се возат во лифтовите, јадат џанк фуд, влегуваат во кафеани, скокаат по шанкот, се одбиваат од флаши и чаши, се пробиваат низ чадот од цигарите, наизменично ве опиваат и трезнат. Тоа се урбани зборови, асфалтирани, црвени од светлата на семафорите и широки ко булеварите, масни од бурекот рано на сабајле, некогаш матни како смог, некогаш заводливи како мини здолништа и деколтеа. Не се тоа лесни зборови, не се голтаат лесно, ви лежат во стомакот како тула и штетни се за црниот дроб, не се за вегетаријанците, антиалкохоличарите, екологистите и будистите. Не се препорачуваат за љубителите на животни и цвеќиња, не се за домаќинки и оние што гледаат собраниски канал. Џабир Дерала нема да ве утеши, тоа не е неговата намера. Нема намера да предупредува, веќе е доцна за тоа. Џабир Дерала не се залага за ништо освен за животот таков каков што е. Тоа и е задача на уметникот, секогаш да биде на страната на животот и за него да сведочи. Задача која никогаш не е лесна и благодарна, но Џабир сака (мора) да ја изврши. Како и многумина пред него, тој е горд на бремето што му е доделено (уметноста секогаш барала одредена доза на мазохизам) и не би се сменил со никого. Мирослав Стојановиќ – Шуки (целиот текст е достапен на: http://shortcut-xhd.blogspot.com/2011/04/miroslav-stojanovic-shuki-poetry-of.html)

Цена: 300 ден.

Купи

ISBN 978-608-65288-0-5, 16×23 см., 84 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторЏабир Дерала
2018-12-21T10:46:24+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Книги, Вон едиции|