Томислав Зографски

/, Звук, Блесок бр. 06/Томислав Зографски

Томислав Зографски

роден 1934 во Велес, Македонија

Образование

Дипломирал (1961 г.) на Музчката академија во Белград (Југославија) на оделот за Теорија и Композиција

Творештво

Повеќе од 100 композиции (различни музички форми како сонати, концерти, симфонии, ораториуми), за различни инстументални и вокални солисти, групи и оркестри.

Соло инструменти

„10 минијатури I“ за пијано (1954), „10 минијатури II“ за пијано (1955), „Свита I“ за виолина и пијано (1955), “Suite II” за виолина и пијано (1956), Сонатина за две пијана (1956), Соната за фагот и пијано (1957), Свита за пијано (1960), Свита за виолина и пијано (1960), „Барокно Алегро“ за виолини и пијано (1973), Диалог за флејта и пијано ( 1980), Песна за виолина соло (1983), Соната за две пијана (1990), Пет пиеси за кларинет соло (1997)

Вокални цклуси

“Autumn Sketches” за глас, флејта, кларинет, пијано и ударалки (1959), „Црешов цвет“ за алт, обоа и пијано (1961), “Essay for the Rain” за глас и пијано (1982), “Songs for Jaksini” за глас и пијано (1983),

Songs

„3 минијатури“ за сопран и пијано (1955),“Записи“за бас и пијано (1963), „Три народни песни“ (1968), „Три љубовни народни песни“ за глас и пијано (1986), „Марика мома убава“ за сопран и пијано (1993),

Камерна музика

„Класична Свита“ за флејта, обоа и гудачки оркестар (1957), „Симфониета ин Ес“ за камерен оркестар (1958), „Кантус Коронатус“ за флејта, пијано гудачки оркестар (1966), „Јоурнеѕ“ за два гудачки оркестра (1968), “Bitter Lake” за сопран, препарирано пијано и гудачки оркестар (1968), Гудачки квартет (1968), „Свита за гудачи“ (1968/82), „Симфониета ин Си“ за гудачки оркестар (1972), „Монолог“ за бас соло, гудачки оркестар и пијано (1980), “Sketches” за дувачки квинтет (1985), „Марика мома убава“ за сопран и гудачки оркестар (1993),

Симфониска музика

Девет минијатури за симфониски оркестар (1957), „Фантазија Корале“ за симфониски оркестар (1961), „Скерцо“ за симфониски оркестар (1985), „Симфонија кончертанте“ (1989), „Марика мома убава“ за сопран и симфониски оркестар (1993), „Симфониета ин Си“ за симфониски оркестар (1972/94), „Недовршена рапсодија“ за симфониски оркестар (1994), „Интрада“ (1965-1998) за голем симфониски оркестар (а 4)

Вокална, Хорска и Оркестарска музика

„Марика“ за мешан хор (1954), „Трепетлика“ за женски хор и харфа (1956), „Бука“ за женски хор (1957), “Praise to Cyril and Methodius” ораториум за бас соло, наратор, три мешани хора и симфониски оркестар (1969), „Караорман“ за женски хор (1970), „Црно црни“ за мешан хор (1970), „Молитва“ за мешан хор (1972), „10 Народни Партизански песни“ за мешан хор (1973), „Трепет“ за мешан хор (1979), „Караорман“ кантата за мешан хор (1979), „Мадригали“ за женски хор (1979), „Непокор“ за женски хор (1980), „Дојдовме“ за женски хор (1980), Прелудиум, Корал и Фантазија за мешан хор (1981), „Вардар“ за мешан хор (1981), „Дојдовме“ за соло глас, наратор, мешан хор и симфониски оркестар (1981), „Балада“ за бас/баритон и симфониски оркестар (1972/92)

Музика за театар
„Антигона“ (1962)

Радио и ТВ музика

Музика за филмовите „Мургос“ (1961), „Поетот изганик“ (1963), „Охридскиот светилник“ (1964), „Под исто небо“ (1964), „Денови на искушение“ (1965), „Проколнати сме, Ирина“ (1972), „Залез над езерската земја“ (1972), „Најдолгиот пат“ (1976), „Пресуда“ (1978),

Аранжмани

„Денес над Македонија“ за мешан хор и симфониски оркестар (1961), Т. Скаловски: „Црна се чума зададе“ (1961), Дегетер : Интернационала (1961), Т. Прокопиев: „Козјак“ (1981), Ј.С.Бах: Гавота и Рондо за гудачки оркестар (1965), В.А.Моцарт : Алегро (соната К.В.545) за гудачки оркестар (1980), Ф.Шопен: Прелудиум бр.4 и 6 за гудачки оркестар (1965), Ј.С.Бах: Контрапункт бр.V ( уметност на фугата) за симфониски оркестар (1984) итн.

Награди

Градскиот комитет на СММ за суитата за пијано (1962), Градскиот комитет на СММ за свитата за виолина и пијано(1962), И награда од Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ за ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“ (1969), наградата „11 Октомври“ за ораториумот „Похвала Кирилу и Методију“ (1969), III награда од Југословенскиот радио фестивал за „Молитва“ (1972), „Златна Арена“ за филмот „Проколнати сме Ирина“ (1972), И награда на РТВ Скопје за „Мадригали“ (1979), И награда од РТВ Скопје хорската кантата „Караорман“ (1979), ТЕХО за „Вардар“ (1980), ТЕХО за „Дојдовме“ (1981), „13 Ноември“ за „Пасакаља за еден херој“ (1981), „Панче Пешев“ за Сонатата за две пијана (1991), „11 Октомври“ (1994)

Работи како редовен Професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

АвторМакедонски композитори
2018-08-21T17:22:13+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 06|