тапан

Тип на инструмент:
мембранофон, ударен;

Терминологија:
Македонија – тапан, тупан, топан; Бугарија – тапан; Јужна Србија – тупан, бубањ;

Потекло:
Поставена е хипотеза дека тапанот потекнува од неолитскиот период. Според некои документи, тој е познат и на најстарите цивилизации. Се среќава во Месопотамија, во стариот век, во цртежите на старите Египќани, Индиските склуптури, потврдувајќи ја својата значајна улога во тие средини, стотици години пред нашата ера.

Во Македонија се среќаваат некои средновековни (околу 14 и 16 век) цртежи, на кои се нацртани свирачи на тапан, и други музичари.

Форма и основни делови:
Празен цилиндер, со оптегната кожа на двете страни. Кожата најчесто е од јаре и коза. Цилиндеричниот прстен е направен од ореово дрво, во дебелени од околу 5 милиметри. На цилиндерот е прикачено кожен ремен, кој има функција на држач на инструментот, додека тапанарот свири.

Тапанарот удира на мембраната употребувајќи „кукуда“ (дебела дрвена прачка направена од ореово дрво 440 мм должина) „прачка“ (тенка прачка, со иста толжина како и „кукуда“).

Големини и видови:
голем тапан – дијаметар: 700 – 800 мм или 500-550 мм;
мал тапан – дијаметар: 300-350 мм;

Произведување на звук:
Благодарение на прачките (кукуда во десната рака и прачката во левата рака) коишто удираат во кожата затегната преку обрачот на тапанот. Оваа свирачка техника веројатно е усвоена од Ориентот.
Звучноста и штимувањето зависи од дијаметарот, тензијата, обемот и водоотпорноста на мембраната (кожата). Колку што кожата е потенка, поеластична, толку звукот е побогат и подобро наштиман.

Функција и изведба:
Во минатото ваквиот тапан, не бил само подржување на ритамот, на песните и игрите, но исто така и инструмент кој што придружувал при колективната работа на мажите, како и при марширањето. Тој исто така бил употребуван во некои религиозни ритуали. Благодарение на тапанот, лошите духови биле растерувани, луѓето комуницирале со боговите и предците на духовите, при тоа некогаш доведувајќи ги учесниците во состојба на транс. Тапанот честопати се идентифицирал и со знак за сигнал.

Примарната функција во македонската фолклорна традиција, е поддржување на римот во фолклорните песни и игри.

Улогата во инструменталните ансамбли:
Во минатото: во ансамбл со две зурли или со гајда.
Денеска: тој е составен дел во различни големи ансамбли кои вклучуваат и некои од новите инструменти.

Ирена Стојановска

Tекстот е превземен од ММЦ

2018-08-21T17:22:09+00:00 јуни 1st, 1999|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 09|