Поезија – Звонко Карановиќ

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Звонко Карановиќ

Поезија – Звонко Карановиќ

Врисок од самопослугата на сништата
Те молам, не кажувај ми дека сум еденствениот човек кој заборавил да мрази
Наводенет е патот во брдата
Само избегнувам да ги затворам сметките
Најубавите години на нашите животи


Најубавите години на нашите животи

 

патуваме низ постелите
уморни од уште една навика
телата на младите и убави богови
станаа тела на
непријатели

креветот на кој
поминавме години
стана музеј на
скаменетите страсти
и повторно имаме причина
да си ги свртиме грбовите
кога ќе го изгасиме светлото

те изгубив
ненамерно и лесно
и уште еднаш станавме
прекрасни губитници
хелиумски кукли
во осветлените излози на дуќаните

сонцето лебди
над смрзнатиот парк
го осветлува сувиот зимски пејзаж
најголема гужва е
во автобусот за гробишта
само ветрот е
поосамен од нас

Превод: Јовица Ивановски

АвторЗвонко Карановиќ
2020-12-23T17:42:22+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|