Поезија – Звонко Карановиќ

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Звонко Карановиќ

Поезија – Звонко Карановиќ

Врисок од самопослугата на сништата
Те молам, не кажувај ми дека сум еденствениот човек кој заборавил да мрази
Наводенет е патот во брдата
Само избегнувам да ги затворам сметките
Најубавите години на нашите животи


Само избегнувам да ги затворам сметките

 

понекогаш те посакувам
ти ги бакнувам стапалата
во безделните саботни попладниња
во недела ги водам децата на прошетка
за да можам да заборавам дека
уште на почетокот бев
изигран и напуштен

минаа толку години
а ти и понатаму се забавуваш
со далечинскиот управувач
се затворам во својата соба
и пишувам песни за луѓе
кои одвај ги познавам
само избегнувам да
ги затворам сметките

како и секогаш
валканите стакла на автомобилите
за ситни пари ќе ги измие некој друг

АвторЗвонко Карановиќ
2020-12-23T17:42:22+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|