Љубовта умира и други песни

/, Блесок бр. 75/Љубовта умира и други песни

Љубовта умира и други песни

Љубовта умира…
Кога би можел…
Мала тревка во полето…
Премногу сме поминале
Обично лудило
Комшија
Бевме, а сега не сме
Старозаветна жена
Недоречен

Љубовта умира
како човек што умира
се разболува, лежи, боледува
бара лек, се надева
се поткрева и пак снеможува
може да се разболи нагло
или болеста полека да напредува
и пред самиот крај, обично
се исправа на нозе и застанува
да засвети со сета сила
од своите убави времиња
изгледа како да оцелела
за потоа да умре, да ја снема
конечно и сосема
најпосле,
човекот кој ја носел
ја погребува во себе
и оплакува

Скоро секој од нас
носи во утробата
едни такви гробишта

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|