Телефонска секретарка

/, Блесок бр. 48/Телефонска секретарка

Телефонска секретарка

Телефонска секретарка
Дневната соба
Кредо
Вртење
Кутија клучеви
Природна историја на вооружениот конфликт
Локомотивата
Човек вреди само колку…

Човек вреди само колку
тоа што ќе му го рече на куче
кога мора да стане од кревет
сред зимска ноќ
бидејќи некое клето куче лае;

и оди и отвора врата
по маица и боксерски гаќи
и напред меѓу избраздениот отпад
кој го викаат игралиште
гледа џукела со една шепа

крената во очекување
и со израз што вели Фала Богу
таман си помислив
нема никој буден освен мене
во овој проклет град.

АвторПат Боран
2018-08-21T17:21:25+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|