Телефонска секретарка

/, Блесок бр. 48/Телефонска секретарка

Телефонска секретарка

Телефонска секретарка
Дневната соба
Кредо
Вртење
Кутија клучеви
Природна историја на вооружениот конфликт
Локомотивата
Човек вреди само колку…

Со клуч од алуминиум со четири страни
и со една рака стегната врз тркалата
за да седат мирни, мирен сум и не дишам и
локомотивата на малиот сив воз ја навивам.

Имам пет-шест години и навивам за
нежно да крцне федерот на вовчето сиво,
за тркалцата да добијат подвижна сила
како на срце што чука во суштество живо.

Подоцна кога ќе си го врежувам името во дрво
или уште подоцна кога ќе гасам цигари
истите движења ќе ги правам, но сега
навивам за да бидам тука, надвор од себеси,

и за со последниот можен, дозволен пресврт
да го отклучам тој еден, совршен звук што ќе е,
па да гледам како локомотивата поаѓа со вестите,
нешто поголемо од мене, нешто што ќе пее.

АвторПат Боран
2018-08-21T17:21:25+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|