Пурпур

Пурпур

Пурпур
Домашен блуз
Светот – мојот брат
Секојдневно утро е кога
Недела во паркот Монсури
Градски живот
Melancholia eterna

Кога минувам крај париските рибарници, гледам како во замрзнатите бели утра, продавачите ги отвораат сандаците со свежа, штотуку стасана морска риба. Нивните долги, сребрестоседефести тела се спојуваат во светлосни удари со мразот здробен на тезгите и јасната јануарска светлина. Мртви, со отворени празни очи, легнати во својата голотија, неми со целата своја должина, бестежински, ме тераат да си го побарам срцето под палтото и со раката да прејдам низ лицето, за да се уверам во своето топло живо присуство

АвторЛилјана Дирјан
2018-08-21T17:22:15+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 03|