Пурпур

Пурпур

Пурпур
Домашен блуз
Светот – мојот брат
Секојдневно утро е кога
Недела во паркот Монсури
Градски живот
Melancholia eterna

Меѓу
– подај ми вода
– исечи леб
– кај ми се чорапите
таа се извлече невидливо од телото
во кујната уште тропаа чиниите и лажиците
некој спомна дека јадењето не е доволно
солено
чкрипеше плакарот во другата соба
од радиото испаѓаа вести, посети, делегации
и течеше лесна музика
надвор беше жежок летен ден
таа се сврте наназад
и се зачуди колку ѝ била тесна соблечената
кошулка
и колку ѝ беше прозрачна свилата на епидермот
и тие малки дамки црвено кафени бодежи
што ја чинеа толку налик на пастрмка
се оддалечи уште малку
стаса скоро до надворешната врата
сакаше молчешкум и сите зборови
да им ги остави сосе кошулката
ама надвор ја зграпчи светлината
и ѝ стана жал, многу жал
што не ќе може таму каде тргна
да ги изговара гласно
имињата на боите

АвторЛилјана Дирјан
2018-08-21T17:22:15+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 03|