Потпрен на својата сенка

/, Блесок бр. 60/Потпрен на својата сенка

Потпрен на својата сенка

* * * (Ене го долу, меѓу два брега)
Проповедникот
О, Кавафис
Tohu va bohu 2
Две тишини
* * * (Уште малку и ќе си се вратам дома)
Ништо и – никого
Секој саме
Кога си далеку
* * * (Во пределот меѓу два збора)
Си легна со зборот

Има една песна што уште никој не ја чул,
има една песна што уште никој не ја знае,
тиха, црна, морничава…

Има една песна што уште никој не ја испеал
но еднаш сите ние секој саме ќе си ја испееме
секој сами ќе си се – отпееме…

Има една песна која уште никој не ја чул
зашто е тоа само твоја песна.

2018-08-21T17:21:10+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 60|