После дождот

/, Блесок бр. 88/После дождот

После дождот

За сенките
Доцен септември
Последниот воз
После дождот
За детството

1

Тешки облаци на септемвриското небо,
а копното се истегнува, за да ги пофати,
куќите се издигнуваат, јаворот,
отежнат од ноќта, ги шири рацете,
а поточето со солена вода кое до
пред малку се влечкаше како затвореник,
утринава веќе со мрмор си влева смелост.

2

Потоа тишината, времето е во мене
и ги сонува сништата на мртвите,
без воздржаност пред животот, кој не успева.

3

Така се случи вистината да залута
во мојата куќа. Ги избриша чкртките,
сигурно барем еден час ја одведе бедата далеку,
се спушти врз купот распарчени нешта
кој ноќта го беше оставила за мене.

4

Само мачките не можат да се залажат.
Трчаат наоколу, небаре и куќата е
веќе само руина.

АвторМихаел Кругер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|