Полн месец во Истанбул

/, Блесок бр. 94/Полн месец во Истанбул

Полн месец во Истанбул

паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата


бирократијата е мајката,
знаеш ли кој е таткото?
гасениците ја брстат статистиката:
недостасуваат бројките
со кои ти ги маскираше воените мистерии
и маката на умоболниците.
здравите се болни, болните се здрави:
заврти ја, преврти ја,
за линџо и за могадишу:
се симнува црната принцеза
и ги раширува рубите.
излегуваат гостите и посетителите,
непрегледната маса почнува да скандира:
колку од тоа? колку во недоглед?
со кана ги обои влакненцата на стомакот,
и му се смееше на простотилакот,
хистерично им се смееше
на кучињата во глутницата.
завиваа, прескокнуваа трупови:
едниот е овчар, другиот врколак.
глутницата е гладна,
глутницата е жедна,
го напаѓа крвотокот,
го развива фронтот
долж пругата, па кон мраморот.
знаеш ли кој тоа може да го сопре?
знаеш ли кој е таткото, раскажувачот, фалсификаторот?
мајката е таткото.
мајката.
татко.

2023-06-07T21:18:41+00:00 март 2nd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 94|