Поезија

Поезија

Истанбул
Средба
96
Буенос Аирес
Господар на Скопје

На Mилорад Пoпoвиќ

Проаѓаат годините
и има сѐ помалку надеж
дека ќе го видам Буенос Аирес.
И јас длабоко да вдишам
чист воздух.
Ние сме Eвропа,
се бориме против најлонска
амбалажа, и за човечки права,
и за правата на аквариумските
рипки.
Ние што уживаме меѓу
вештачки алги
додека преку цевка
во суверенитетот ограничен зад стакло
ни пуштаат кислород.
Да пеам и играм на танго
и да се дерам на Ла Бонбониера
и како полскиот принц на В. Гомбрович
да не ме интересира што мислат за мене
во татковината.
Дека ковам лажни планови
за татковината,
кои ќe се распаднат при првиот
допир на авионските тркалца со нејзината почва,
јас некогашен емигрант,
предвесник на слободата.
За чие враќање се правеа дека едвај го чекаат,
а потоа тргнаа да го дават
со голи раце.
Проаѓаат годините
и има сѐ помалку надеж
дека ќе го видам Буенос Аирес,
татковината да ми биде
чист воздух.

АвторАхмед Буриќ
2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 101-102|