Преведувам поезија
тоа е залудна работа, но
за стих ќе добијам по една марка
тоа се 96 марки, ако добро сум ги преброил стиховите.
И, се разбира, ако добро сум превел.
Тоа се 96 лебови и 96 кесички со слики од
фудбалери, ако цените не продолжат
вртоглаво да растат и да ја следат сеопштата криза.
Размислувам дека не би зел ни еден леб ни
кесичка ни една марка
ни за еден стих
кога би живеел 96 години,
и кога би бил сигурен дека тоа не е премногу.
Поезија
АвторАхмед Буриќ