Поезија – Дамир Шодан

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Дамир Шодан

Поезија – Дамир Шодан

Ајша Кандиша
Дурути 1936
Во возот за Кашкаиш
Искушениeто на свети Антон
Поезијата на мал јазик


Поезијата на мал јазик

Корк, Ирска

Поезијата на мал јазик
е како ѕвоно
во зафрлено село
што бие придушено во вечерите
низ мемлата на провинцијата
самозаборавно
и прилично самозадоволно
– би се рекло –
да ги нема тие парталави овци
збиени пред пороен дожд
во трло
пред камена штала
што малку па малку,
ќе штрекнат со белузлавите глави
да ти дадат до знаење
дека без оглед на медиумот
пораката секогаш
стигнува до целта.

Превод: Јовица Ивановски

АвторДамир Шодан
2021-04-03T19:11:48+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|