Поезија – Дамир Шодан

/, Литература, Блесок бр. 133 - 135/Поезија – Дамир Шодан

Поезија – Дамир Шодан

Ајша Кандиша
Дурути 1936
Во возот за Кашкаиш
Искушениeто на свети Антон
Поезијата на мал јазик


Ајша Кандиша *

од Тангер
до Западна Сахара

појака од киф
пожестока од majoun

убавина
која раѓа ужас

и искубани пилиња
во пештерите

таа е мноштво
таа е легија

на странците
во 50-тите, велат книгите,

се омажила со 35 000 од нив
а најмногу во лудницата

во Беречид.
била посебно активна

и им се јавувала со
гласот на нивните мајки

Кирка за неа е п….. дим
тврдат морнарите

но
и полихисторите

зашто кога ќе ги видиш тие
несреќници како ја бодат

порозната земја
во исушеното речно корито

додека децата на нив
фрлаат камења

знај дека тука не помага fqih
ниту која било вражба
зашто љубовта
е секогаш болка

што ја делиш
со другите.


* A.K.= марокански зол дух во форма на преубава жена, пропаст за машкиот род;

АвторДамир Шодан
2021-04-03T19:11:48+00:00 декември 22nd, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 133 - 135|